Утрешното дерби на врвот во Премиер лигата меѓу лидерот Манчестер сити и второпласираниот Ливерпул ќе биде 23 пресметка во нивните тренерски кариери на Пеп Гвардиола и Јирген Клоп, кои имаат по идентичен број девет победи.
Двете екипи ги дели само бод во трката за титулата. Сити има 73, а Ливерпул 72 на осум кола до крајот на првенството.
– Јирген, како тренер, е најголемиот ривал, кој сум го имал во кариерата, изјави на официјалната прес – конференција Гвардиола, а на неговите комплименти веднаш возврати и германскиот стратег.
– Пеп е најдобриот тренер во светот. Мислам дека сите можеме да се согласиме околу тоа, рече Клоп.
Првите осум меѓусебни дуели Клоп и Гвардиола ги имаа во рамки на германското првенство, Германецот како тренер на Борусија Дортмунд, а Шпанецот како предводник на Баерн Минхен.
Преостанатите 14 дуели се случија во Премиер лигата.
22 – натпревари
9 – победи на Гвардиола
9 – победи на Клоп
4-нерешени натпревари
41 – голови постигнале екипите предводени од Гвардиола (Манчестер сити, Баерн)
37-голови постигнале екипите предводени од Клоп (Борусија Дортмунд, Ливерпул).