Клоп ќе наброи 1000 причини поради кои го одбива Манчестер Јунајтед

Контроверзниот тренер на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп откри дека може да наброи најмалку 1000 причини поради кои ќе остане во Германија и нема да прифати евентуалната понуда на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

“Не е убаво да зборувам за нешто што се нема случено. Не е убаво да кажам дека ја одбивам понудата на Манчестер Јунајтед, а се уште не сум добил официјална понуда од англискиот клуб. Сепак, јас чуствувам таква должност, чувствувам потреба да кажам дека не сум заинтересиран. Можам да набројам најмалку 1000 причини поради кои сакам да останам во Германија, поради кои е прекрасно да се работи за овој голем клуб”, изјави Клоп.