
Видно изнервиран поради постојаните шпекулации дека централниот дефанзивец, Матс Хумелс до крајот на летниот преоден рок ќе биде продаден на Манчестер Јунајтед, контроверзниот тренер на Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп изјави дека ќе изеде метла за чистење ако се реализира тоа сценарио.
Фудбалските медиуми на Островот веќе неколку дена ја форсираат приказната дека Манчестер Јунајтед ќе го купи репрезентативецот на Германија и тоа за скромни 16 мил. фунти.
“Не знам како да ја дефинирам оваа новинарска информација, шпекулација, освен како живо срање. Ако се реализира ова сценарио, ако Хумелс биде продаден на Манчестер Јунајтед, тогаш јас ќе изедам една метла за чистење”, изјави Клоп.