Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп во саботата вечерта се впиша во групата тренери кои ја освојуваа клупската шампионска титула во Европа.
За Јирен Клоп ова неше третото финале во Лигата на шампионите и прво славње по претходните два неуспеха. Пред шест години водејќи ја Борусија Дортмунд на „Вембили“ беше поразен од Баерн со 1:2, а минатата година во Киев подобар од Ливрепул со 3:1 беше Реал Мадрид. Клоп го загуби во 2016 година и финалето во Лига Европа, кога „Редс“ загубија од Севилја со 1:3.
Досега само еден тренер загубил во три финални соочувања во Лигата на шампионите, Италијанцот Марчело Липи, и тоа на клупата на Јувентус во 1997,1998 и 2003 година. Меѓутоа, Липи сепак има една тутула од 1996 година во Рим кога торинската „Стара дама“ со 3:1 го совлада Ајакс.
Најуспешните тренери во Купот/Лигата на шампионите се Англичанецот Боб Пејсли, Италијанецот Карло Анчелоти и Французинот Зинедин Зидан. Пејсли успехот го постигна со Ливепрул победувајќи во 1977, 1978 и 1981 година, Анчелоти со Милан во 2003 и 2007 година и со Реал Мадрид во 2014 година, а Зидан со Реал во 2016, 2017 и 2018 година.
Само пет тренери ја освојувале оваа титула со два различни клуба: Анчелоти со Милан и Реал Мадрид, Ернст Хапел со Феенорд и Хамбургер СВ, Отмар Хитцфелд со Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, Жозе Мурињо со Порто и Интер, и Јуп Хејнкенс со Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Седуммина го освојуваа европскиот фудбалски престол и како играчи и како тренери: Мигуел Муњоз, Џовани Трапатони, Јохан Кројф, Карло Анчелоти, Франк Рајкард, Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан.