Менаџерот на „Ливерпул“, Јирген Клоп, смета дека критиките кон Месут Озил и Илкај Гиндоган се „апсолутно безсмислени“ и дека фудбалерите на „Арсенал“ и „Манчестер Сити“ не треба да бидат изговор за лошиот резултат на Германија на Светското првенство во Русија.
Германската јавност уште пред почетокот на Мундијалот го критикуваше дуото од Премиер лигата поради средбата и фотографирањето со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по што Гингоган објасни дека тоа нема врска со политиката.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Германија, Рејнхард Гриндел го повика Озил да ја објасни својата постапка, додека генералниот менаџер на „Панцерите“, Оливер Бирхоф рече дека фудбалерот на „Арсенал“ не ни требало да биде со репрезентацијата во Русија.
Интелигентните луѓе во оваа земја бараат толеранција, а останатите би требало да замолчат и да не им поставуваат прашања на момците. И двајцата не беа доволно добро упатени во ова прашање. Некој постар и поискусен требало да им помогне. Не смееме да заборавиме дека двајцата имаат турски корени, иако израснаа овде во Германија, рече Клоп.