Клосе го фали фантастичниот Тони Крос

Освен по историскиот триумф, полуфиналниот натпревар помеѓу репрезентациите на Бразил и Германија ќе биде запаметен и по 16 мундијалски погодок на Мирослав Клосе кој од сега ќе биде познат и како најдобар стрелец во историјата на мундијалите.

Бомбардерот на италијанскиот калчолигаш Лацио, по натпреварот изјави дека е лесно да се игра фудбал кога крај себе го имате одличниот играч за врска, Тони Крос.

@Лесно е да се игра фудбал, особено во нападот, кога крај себе го имате Тони Крос. Тој ве наоѓа токму во тој момент кога сте осамени, топката ја упатува точно таму каде што ќе ви биде најлесно да постигнете погодок. Тој е врвен фудбалер кој во иднина сигурно уште повеќе ќе се развива. Сепак, она што најмногу ме радува во нашата репрезентација е хомогеноста, блискоста на самите фудбалери. Тоа е очигледно и на тренинзите и на натпреварите, и токму тоа е она што ни овозможува да бележиме врвни резултати”, изјави Клосе.