Клуб од Тахити на Светското клупско првенство

На Светското клупско фудбалско првенсво во февраури ќе се натпреварува и АС Пирае од Тахити, кој ќе го замени Окленд Сити, кој го отакажа настапот поради пандемимата на коронавирусот и задолжителниот карантин кој го спроведва Нов Зеланд.

Окленд Сити и минатата година го откажа настапот на Светското клупско првенство поради коронавирусот и строгите гранични рестрикции на Нов Зеленд.

Така егзотичниот АС Пирае се најде во друштво европскиот првак англиски Челзи, победникот на јужноамерикански Лубертадорес куп бразилски Палмеираш, азискиот првак саудиски Ал Хилал, потоа првакот на Африка египетски Ал Ахли, мексикански Монтереј и Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати кои се домаќини од 3-ти до 12-ти февраури.

За да дојде до полуфиналниот дуел со Челзи, АС Пирае ќе мора да ги елиминира Ал Џазира и Ал Хилал.