
Саудиската влада им обезбеди на локалните клубови околу 20 милијарди евра за трансфери на фудбалери до 2030 година, објави новинарот Бен Џејкобс.
Вчера се дозна дека Ал-Хилал му понудил на ПСЖ да го купи напаѓачот Килијан Мбапе за 300 милиони евра. Договорот на Французинот ќе вклучува плата од 700 милиони евра годишно и заминување во 2024 година во Реал Мадрид.
Беше објавено дека парижаните ја прифатиле понудата.
Според Џејкобс државното финансирање за фудбалски трансфери е обезбедено од Министерството за спорт на Саудиска Арабија.