Клубовите дадоа согласност за трето клупско натпреварување на УЕФА

Асоцијацијата на клубови од Европа (ECA) потишале согласност за воведување на трето клупско натпреварување, а сега се чека само на одобрување од извршниот комитет на УЕФА, рече претседателот на Асоцијацијата и сопственик на „Јувентус“, Андреа Ањели.

Германски „Билд“ уште минатиот месец најави дека Европа ќе добие трето натпреварување, што го потврди денеска ЕСА.
Ањели не откри детали за проектот, но според „Билд“, новото натпреварување ќе брои 32 тима распоредени во осум групи. Тоа ќе биде шанса за клубовите од помалите првенства да излезат во Европа. Победниците на групите ќе се пласираат во осминафинале, додека второпласираните ќе играат плеј-оф со третопласираните од осумте групи во Лига Европа, која ќе има нов фомат и ќе биде скратена од 48 на 32 тима.

Се чека одобрување од страна на извршниот комитет на УЕФА, но ние дадовме зелено светло за ново трето натпреварување, со кое ќе има 96 клубови во Европа од сезоната 2021/22, порача Ањели.