Клубовите во Премиер лигата ќе го стават натписот Black Lives Matter наместо презимето на играчот

Клубовите во англиското фудбалско првенство ќе ги заменат презимињата на играчите на дресовите со натпис со фразата Black Lives Matter (Црните животи се важни), во согласност со играчите, пишува магазинот Tmes.

Според весникот, одлуката била поддржана во средата од челниците на сите клубови во англиската Премиер лига. Промоцијата на оваа акција ќе се случи по почетокот на продолжувањето на сезоната. Се претпоставува дека Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) нема да има забелешка на оваа одлука.

Англиското првенство беше прекинато на 13-ти март поради пандемијата на коронавирусот. Сезоната ќе продолжи на 17-ти јуни, а на табелата води Ливерпул со 82 бодови по 29 кола.

Во многу западни земји се одржуваат протести против расната дискриминација и полициската бруталност откако во текот на апсење на 25-ти мај животот го загуби афероамериканецот Џорџ Флојд.