Клучната американска сојузна агенција којашто мора да ја одобри транзицијата на власта по американските претседателски избори и според општото убедување да го признае демократскиот кандидат Џо Бајден за победник на изборите на 3-ти ноември, соопшти во понеделникот дека сѐ уште не го одобрила почетокот на процесот на пренесување на власта, но дека за својата одлука ќе го извести Конгресот следната седмица.
Портпаролката на американската Управа за општи работи (GSA) изјави дека заменичката на директорката на оваа агенција, Алисон Бригати, ќе разговара со претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, и со републиканските претставници во четирите комитети во долниот дом на американскиот парламент (Конгресот) на 30-ти ноември, на барање на Демократската партија.
Истовремено продолжуваат зголемените притисоци врз оваа агенција, која инаку досега бише малку позната за пошироката јавноста а чиешто формално признавање на резултатите од американските избори е клучно за преносот на власта, во случајов од администрацијата на републиканскиот претседател Доналд Трамп на тимот за транзиција на веројатно неговиот демократски наследник на долќнсота Џо Бајден.
Законот не наведува изрично кога GSA мора да се огласи, а вообичаено е тоа кога ќе ги добие конечните потврди за исходот или откако едниот од кандидатите јавно ќе го признае поразот. Но тимот Бајден инсистира дека нивната победа е чиста и дека одложувањето не може да се оправда и покрај тоа што Трамп одбива да го признае поразот и наведува дека тоа е важно за националната безбедност, за справувањето со пандемијата на коронавирусот и други стратешки области.
Директорката на GSA, Емили Марфи, именувана на должноста во 2017 година по доаѓањето на администрацијата на Трамп, сѐ уште не го потврдила „јасниот победник“, соопшти пред десетина дена нејзината портпаролка. Извор близок на Марфи тогаш рекол дека станува збор за „темелен професионелец кој ќе го земе неопходното време за да донесе внимателно промислена одлука“.
Бајден треба да ја презема должноста на вообичаениот и неменлив датум 20-ти јануари. На национално ниво демократот според објавите во медиумите освоил речиси 80 милиони гласови, додека републиканецит над 74 милиони гласови, што е рекордна поддршка што ја добил актуелен претседател изразена во апсолутни бројки. Според главните параметри за освојување на изборите, Бајден освоил 306 електорски гласови, додека Трамп освои 232 електорски гласови, а за победа се доволни 270, односно половината од вкупниот број гласови во оваа сложена пресметка.
Меѓутоа, Трамп и неговите приврзаници, но и Републиканскиот националн комитет (RNC) повикуваат на пребројување на гласовите во некои од клучните сојузни држави поради сомневања за „големи неправилности“ во самиот процес на гласањето и особено во броењето на гласовите. Трамп, исто така, повикува да се спречат настојувањата на демократите „да ги уништат доказите за изборната измама“. Но во последно време се огласуваат и републиканците кои никогаше не ја прифатија неговата кандидатура и победа на изборите во 2016-та и спаѓаат во ткн политички естаблишмент во САД и го повикуваат да се повлече од тужбите кои му ги отфрлаат и судовите.