![ed rojs](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/ed-rojs.jpg?resize=640%2C424&ssl=1)
Републиканскиот челник на комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ед Ројс изјави во средата дека нуклеарниот договор со Иран треба построго да се применува, но не повика на истапување на овој договор, а неговиот демократски колега во комитетот Елиот Ленс Енгел додаде дека Вашингтон треба да соработува со сојузниците.
„Иако овој договор има недостатоци, мислам дека мораме да го применувам“, изјави републиканецот Ројс.
Се очекува дека американскиот претседател Доналд Трамп најрано во четврток ќе ја објави новата стратегија за Иран којашто би можела да го вклучува првиот чекор кој истапувањето на САД од споменатиот договор.
Ројс, како и сите други републиканци во американскиот Конгрес, се спротиставуваа на нуклеарниот договор постигнат во време на администрацијата на демократскиот претседател Барак Обама во 2015 година, кој покрај САД го потпишаа и другите четири постојани членки на Советот за безбедност при Обединетие нации со право на вето – Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија со присуство на Европската унија.
Меѓутоа, и дел од демократите се противат на овој договор, меѓу кои е и Елиот Енгел. Тој изјави дека завршувањето на овој договор би претставувало „тешка грешка“, имајќи предвид дека е на сила и дека го поддржуваат и американските сојузници и другите светски сили.
„Траба да работиме со сојузниците и партнерите на заедничката агенда (…), а не да ја одвојуваме Америка од нашите најблиски пријатели ширум светот“, рече Енгел.
Се очекува дека претседателот Трамп ќе објави „сеопфатна стратегија за Иран“, а во рамките на тоа би требало да ја изнесе својата оцена за тоа дали Техеран го почитува меѓународниот договор за намалување на својата програма за збогатување на ураниум до ниво од кое може да се произведе нуклеарно оружје во замена за постепеното укинување на децениските економски санкции за оваа земја.
Американски функционер, зборувајќи под услов да остане анонимен изјавил за агенцијата Reuters оти се очекува дека Трамп ќе објави поширока американска стратегија кон Иран, којашто ќе биде повеќе на линија на судир. Во тој контекст се потсетува дека администрацијата на Трамп често ги критикува постапките на Иран на Блискиот исток.
Доколку Трамп одбие да потврди дека Иран го почитува договорот, челниците на американскиот Конгрес ќе имаат 60 дена да одлучат дали повторно ќе наметнат санкции против Техеран кои се суспендирани според договорот.
Според американскиот закон, претседателот секои 90 дена мора да изјави пред Конгресот дали Иран го почитува договорот и дали укинувањето на санкциите е во интерес на САД. Досега Трамп го потврдуваше договорот, но истакна дека клучната оцена ќе биде донесена на 15-ти октомври.