Селектор на Франција, Дидие Дешамп во пресрет на полуфиналето со Белгија изјави дека неговиот тим ќе стори сé за да стигнат до финалето. „Триколорите“ претходно го победија Уругвај со 2:0, додека „Црвените Ѓаволи“ беа подобри од Бразил со 2:1.
Белгија не е случајно тука. Таа одигра одлично на Европското првенство во нашата земја. Покажа најдобри игри во групната фаза, а потоа испадна поради една лоша игра против Велс. Тие имаат многу потенцијал, играчите се познаваат, погледнете ги само тие имиња. Тие доаѓаат од најдобрите англиски, односно европски клубови, рече Дешамп.
Во однос на Европското првенство во Франција, сега на клупата на Белгијците е Роберто Мартинез, кој го наследи Марк Вилмотс.
Не сакам да го навредам колегата Мартинез, но тој само ја искористи работата на претходникот Вилмотс. Мартинез донесе печат, го крена тимот на повисоко ниво, но сееедно, имаше огромен потенцијал на располагање кога ја презеде селекцијата, вели Дешамп.
Помошник на шпанецот на клупата на Белгија е легендата на францускиот фудбал, Тијери Анри. Познатиот напаѓач ќе има измешани чувства во полуфиналето.
Тој е во тешка ситуација. Анри добро не познава, го знаеме и ние него, а како што ние ги знаеме предностите и маните на Белгија, така и тој е свесен за плусевите и минусите во нашиот тим. Сепак, се надеваме дека ние ќе одиме во финалето, вели францускиот селектор.
Белгијците со Кевин Де Бруин, Еден Азар и Ромелу Лукаку ја претставуваат можеби напаѓачки најопасната селекција на турнирот, но Дешамп верува дека клучот за нивното сопирање е во Нголо Канте.
Канте секогаш сака да ја украде топката од тој што ја држи и да ја предаде на првиот до себе. Затоа ни е многу важен. Одличен беше против Аргентина, вистина е дека поради улогата на Канте Меси не се виде на натпреварот. Се надевам дека ќе ја повтори партијата, заклучи Дешамп.