Во Македонија имаме стабилна Влада и не гледам политички ризици и не би можел да препознаам некаква нестабилност што би можела да влијае врз сигурноста на странските инвеститори. Начинот на кој што работи оваа Влада, нудејќи поволни услови за странските инвеститори, дава резултати. Оваа оценка за Фактор ја изнесува Мартин Кнап, директор на Германско-македонската стопанска комора , што повеќе од една деценија дејствива во триаголникот Атина-Скопје-Белград и е добар познавач на условите за привлекување на стабилни и трајни странски инвестиции во регионот.
Според него еднострано е да се критикува висината на платите за вработените кај странските инвеститори без да се согледа целокпупниот ефект на намалување на притисокот врз социјалните фондови, невработеноста во Македонија, развивањето на логиситчките дејности со користење на услугите од домашни компании. Огромниот суфицит што Македонија го има во размената со Германија создава одржлив баланс во инаку растечкиот дефицит во трговската размена на земјата со светот. Кнап предупредува дека е потребно, во новиот бран на привлекување на компаниите во слободните зони, да се шират дејностите во кои ќе се привлекуваат странските компании.
Фактор: Во последниве неколку месеци се поголем е бројот на странски инвеститори кои покажуваат интерес за македонскиот пазар. Дали влезот на гераманскиот капитал е резултат на бенефициите што државата ги дава , евтината работна сила или поволната бизнис клима?
Кнап: Последните германски инвестиции се претежно од автомобилската индустрија во која се вработени голем број на луѓе. Тоа значи дека треба да се исплатат и голем број на плати. Треба да се има во предвид дека производителите во овој сектор се под голем притисок на пазарната побарувачка, а во време на кризи низ светот имаат помал број клиенти. Но истовремено низ светот се побројни се и понудите за привлекување на инвеститори со поволни бизнис алтернативи.
Производителите на автомобили се тие кои вршат притисок, но и се поизложени на падот на стандардот, финасиската криза, но истовремено тие и ја диктираат цената за својот влез во која било држава каде оценуваат дека имаат поповолни производни трошоци. Исплатлвоста на инвестициите се гледа низ условите кои се нудат во домицилните држави, степенот на нивнта исплатливост и профитабилност. Најголем дел од германските компании, што отворија свои фабрики во Македонија, се од автомобилската индустрија, која како дејност е изложена на жестока светска конкуренција и очекувано е инвеститорите да бараат трошоците на производство да бидат редуцирани и сведени на минимум.
Мора да се привлечат компании од различни дејности
Фактор: На што Владата треба да посвети особено внимание при динамичното привлекувањето на странските инвеститори?
Кнап: Владата треба особено да внимава на разноликоста на дејностите и типот на комапнии, односно браншите и секторите што тие ги застапуваат. Треба да се работи на привлекување на инвестриции што се од различни сектори и посложени технолошко-индустриски процеси. Би било добро ако се развиваат познатите форми на релокација на дејности со повисоко рамниште на технолошки и услужни процеси и дејности.
Доколку Македонија се фокусира исклучиво на еден сектор и се доведе во ситуација тој да не функционира толку добро, да биде изложен на пазарни турбуленции може лесно да доживее некаков колапс, зашто големите корпорации тешко носат одлуки за затворање на капацитети, но тоа го реализираат брзо и ефикасно. Тогаш може да се соочите со голем проблем и ќе вие треба подолго време за да најдете излено решение.
Фактор: Како политичките случувањата во Македонија, се одрзуваат врз бизнис климата ?
Кнап: По последните избори во Македонија имаме една стабилна Влада која веќе неколку месеци работи. Во однос на политичките ризици не би можел да препознаам некаква нестабилност која што би можела да влијае на странските инвеститори. Начинот на кој што работи оваа Влада нудејќи поволни услови за странските инвеститори даваат резултати.
Стабилната политичката клима во Македонија носи сигурност за странските инвеститори!
Фактор: Колку евентуална политичка нестабилност може да има импликации врз странските инвеститори, со оглед дека понекогаш капиталот знае да биде чувствителен на врева?
Кнап:Политичките случување секогаш имаат влијание врз привлекувањето инвестиции. На пример, сега во Украина е исклучително тешко да влезе странски капитал . Инвеститорите кои во моментов се наоѓаат во таа држава се во многу непријатна ситуација, не се чустуваат сигурно, обемот на работа е намален, а тоа значи дека и приходите се опаднати. Можам да претпоставам колку тешко е сега компаниите да решат да влезат на украинскиот пазар. Дури оние инвесторири кои биле заинтересирани да вложат во оваа земја или веќе работат во Украина, во земјите од Западен Балкан гледаат шанса за дислоцирање на своите инвестиции.