Редок примерок од книга за Хари Потер, купен за само 30 пени, е продаден на наддавање во англискиот град Личфилд за сума од 10.500 фунти, односно околу 12.500 евра.
Книгата „Хари Потер и Каменот на мудреците“ е една од 500-те примероци во тоа издание, а своевремено ја купил колекционер од Стафордшир кој починал годинава. Книгата била спакувана во текот на селидба и неговата сестра сметала дека е загубена.
Книгата преку интернет ја купил купувач од Лос Анџелес, соопшти претствникот на аукциската куќа Richard Winterton. „Апсолутно сме одушевени од овој резултат“, додал .
Книгата, издадена 1997 година, е една од 300-те примероци испратени во книжарниците и библиотектите, а од книжарница во Вулверхемптон ја купил маж кој живеел во Барнтвуд. Сопственикот починал ненадејно на 55 годишна возраст, а книгата е пронајдена кога тим на аукциската куќа Richard Winterton ги пребарувал неговите предмети.