Во просториите на салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), денеска беше отворена книга на жалост за загинатите во катастрофалното невреме што го зафати градот Скопје.
Сите граѓани коишто сакаат да се запишат во книгата на жалост ќе можат да го направат тоа денеска до 21 часот.
Граѓаните ќе може да се потпишат во оваа книга и во текот на утрешниот ден во периодот од 9 до 16 часот.