Која е диетата на Mоника Белучи што ја практикува со години и изгледа совршено?

Италијанската актерка Моника Белучи и на 58 години изгледа совршено! Нејзиното име е синоним за елеганција, префинетост и безвременска убавина. На нејзиното лице секогаш има нежна насмевка, а нејзиниот изглед никогаш никого не остава рамнодушен. Сепак, убавицата признава дека никогаш не била љубител на ригорозни диети и напорни тренинзи. Нејзиниот клуч за витката линија е токму балансот.

– Треба да станам во пет наутро за да почнам да вежбам во шест во теретана! Не вреди. Тоа е едноставно невозможно. Наместо тоа, носам црна облека. Многу е полесно и позабавно. Сакам храна и јадам се. Сепак, најмногу ја сакам италијанската кујна, а пред се тестенините и пармезанот. Не обрнувам внимание на видовите храна, само на количините – истакна актерката.

Ако сака да изгуби некој килограм, се префрла на диета која се базира на месо, риба и зеленчук. Откри дека лесно слабее, но и многу брзо се здебелува. Моника нагласува дека вежба умерено, бидејќи не сака исцрпувачки физички активности. Понекогаш трча и вежба јога, но главно оди на пливање четири пати по 45 минути.
Диетата на Моника Белучи со која ослабе 3 до 4 килограми за десет дена:
1. ДЕН

Појадок – 150 мл јогурт со јаболко

Ручек – 200 гр варено говедско месо, 200 гр салата со лажица маслиново масло и парче пченкарен леб

Вечера – чинија свежи јагоди, 150 гр ориз со една лажица маслиново масло и 50 гр рендано сирење, 150 гр салата

ДЕН 2

Појадок – шолја кафе без шеќер, тост и лажица бобинки или џем од овошје

Ручек – омлет од три јајца, две мали варени тиквички, парче интегрален леб.

Вечера – 150 варено посно месо, салата
3. ДЕН

Појадок – шолја зелен чај со лимон, тост со мед, грејпфрут

Ручек – 200 гр варени или печени компири со магдонос, 100 гр сирење со малку маснотии

Вечера – 170 гр шпагети со маслиново масло.

ДЕН 4

Појадок – јогурт со 2 лажици мед, 40 гр сирење

Ручек – 100 гр ориз, 100 гр варени тиквички, 100 гр варено говедско месо

Вечера – чинија од кое било овошје, 200 гр варена риба, салата со маслиново масло, парче леб, овошје.

5 ДЕН

Појадок – чаша свежо исцеден сок, две солени крекери

Ручек – 100 гр шпагети, зелена салата со маслиново масло, портокал

Вечера – 250 гр салата од зеленчук, со неколку боранија, овошје.

По петтиот ден, актерката го повторува циклусот уште еднаш.

Исхраната на Моника вклучува многу намирници и не носи резултати преку ноќ. Но, долгорочно, со него можете да ја доведете линијата до совршенство без многу труд и жртви.

– Се чувствувам добро и удобно со себе, но не затоа што сум убава. Затоа што сум јас – заклучила актерката.