Коњановски: Битола ќе добие реконструирани улици, велосипедски патеки и монтажни катни гаражи

Во контекст на урбанистичкиот хаос и во склоп на инфраструктурниот хаос, сообраќајниот хаос, Битола гаи еден култ, битолчани кон автомобилите. Меѓутоа главна кочница е стариот и анахрон ГУП, со кое изготвување ќе започнеме од самиот старт на мојот мандат. Од него ќе произлезат и ДУП-овите, една современа Битола, урбанизирана Битола со сообраќајна уредена инфраструктура која ќе одговара на времето во кое живееме, истакна Тони Коњановски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Битола во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Коњановски додаде дека на самиот почеток од неговиот мандат ќе започне со реконструкција на улиците. Битола не заслужува стари улици со дупки.

-На самиот почеток од мандатот сме спремни да почнеме интервенција во делот на реконструкција, обнова, инфраструктурна интервенција на канализациониот систем на преку 30-тина улици. За тие улици проектите се веќе готови и чекаат за реализација, појасни Коњановски.

Коњановски посочи дека во неговите проекти се предвидени и велосипедските патеки.

-Паркирањето во Битола е исто така проблем. И за тоа во програмата моја има решенија, а тоа се монтажни катни гаражи, нагласи Коњановски.

Коњановски рече дека градот поради неспособноста на оваа локална власт доби раскопани и недовршени улици.