НЕМА ДА ЈА ПРОПУШТИМЕ ШАНСАТА БИТОЛА ДА БИДЕ ГРАД КАДЕ ЌЕ СЕ ИГРААТ НАТПРЕВАРИТЕ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ ВО РАКОМЕТ – НЕОПХОДНА Е РАЗУМНОСТ
Повикувам на разумност. Не очекува убав настан во средината на септември. После 18 години имаме уникатна можност Битола и познатата битолска публика да ги следи натпреварите на Еурофарм Пелистер во ракометната Лига на шампиони, почнувајќи од првиот натпревар против норвешки Колштад. Нема да ја пропуштиме оваа прилика. Заради нашите несогласувања во Советот на општина Битола, нема да ја пропуштиме шансата Битола да биде домаќин на натпреварите и тие да се одигруваат на некое друго место, вели во своето обраќање битолскиот градоначалник Тони Коњановски.