Коњановски од Стопанската комора во Битола: Заедно ќе ги решаваме проблемите со бизнис заедницата, ќе инвестираме во инфраструктурата и гасификација

Прво да се заблагодарам и на претседателот и на Управниот одбор на комората што ни дадоа можност да се видиме, да размениме мислења, да ги согледаме проблемите кои ги знаеме, кои не тиштат сите во градот, истакна Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Она што можам да го кажам и тоа што го ветив е да бидеме партнер, да бидам партнер со Стопанската комора, еден взаемен партнерски однос. Им кажав дека по професија сум лекар и дека не мислам да бидам бизнисмен.

Меѓутоа ќе ми треба партнерски однос со нив, во еден таков однос да ги сублимираме сите проблеми, да ја отвориме вратата на локалната самоуправа и заедно да ги решаваме проблемите. Иницирав и една можност од моја страна два пати на два месеци да се сретнеме, ама не декларативно него со претставници кои тие ќе ги одредат на комората и да ги решаваме тековните проблеми, да пробаме да ги откочиме работите со кои се среќаваме.

ГУП, ДУП-овите, патната инфраструктура, прочистелната станица, енергенсите од типот топлификација, гасификација тоа се проблемите кои овие луѓе ги мачат.

Бев информирав дека делот од капиталот веќе се изнесува надвор. Зошто да не направиме добри услови Битола да биде општина која ќе овозможи работа на сите. Едноставно моја интенција е да бидам татко на сите, да не ги делам луѓето по никој основ, најмалку политички. Вратата да биде отворена во еден партнерски сериозен однос од кој многу од нив многу работи ќе можам да ги создадам, да ги научам, зошто тие се тие луѓе кои ги знаат проблемите, кои ќе ни укажат и како заедно да ги решиме. Исклучиво партнерски однос, подвлекува Коњановски.