На денешната седница на Советот на Општина Битола, Градоначалникот Тони Коњановски, ги информираше советниците за состојбата која синоќа беше затекната на терен после серијата земјотреси кои беа почувствувани во Битола.
Исто така, Градоначалникот, информираше и за донесените заклучоци на денешниот состанок на општинскиот кризен штаб, а од Советот побара ставање на дополнителна точка на дневениот ред: Формирање на комисија за проценка на штети од земјотресот, информираат од општина Битола.