Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која беше прогласена од палестинското раководство во егзил пред повеќе од 35 години, што денеска одлучија да го следат Шпанија, Ирска и Норвешка.
Седуммесечната војна меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, предизвикана од бруталниот терористички напад на израелска територија на ланскиот 7 октомври, ги обнови повиците за признавање на палестинската држава.
Според палестинските власти, 142 земји од 193 земји-членки на Обединетите нации признале Палестина. Четири карипски земји (Јамајка, Тринидад и Тобаго, Барбадос и Бахамите) се последните земји кои се приклучија на листата, која не ги вклучува повеќето земји од Западна Европа и Северна Америка, Австралија и Јапонија.
Шпанија, Ирска и Норвешка во средата објавија дека ќе ја признаат државата Палестина од 28 мај.
Минатиот месец, САД го искористија правото на вето во Советот за безбедност на ОН за да ја блокираат резолуцијата со која Палестина би ја прогласила за полноправна членка на меѓународната организација.
Декларација за независност и први признанија
На 15 ноември 1988 година, неколку месеци по почетокот на првата интифада (востанието), лидерот на Палестинската ослободителна организација (PLO), Јасер Арафат го прогласи „основањето на државата Палестина“ со источен Ерусалим како главен град. Неколку минути подоцна, Алжир беше првиот кој официјално ја призна новата држава.
Една седмица подоцна, веќе четириесет земји, вклучувајќи ги Кина, Индија, Турција и повеќето арапски земји, го презедоа истиот чекор. Следуваат речиси сите земји од африканскиот континент и советскиот блок.
Во текот на 2010 и 2011 година, Палестина беше призната од мнозинството земји од Латинска Америка.
Со една нога во ОН
Под претседателство на наследникот на Арафат, Махмуд Аабас, Палестинската самоуправа, формирана со мировниот Договорот од Осло (1993 година попришан и од Израел), започна дипломатска офанзива во меѓународните институции.
УНЕСКО (Организација за образование, наука и култура на Обединетите нации) го отвори патот со признавањето на Палестина како полноправна членка во октомври 2011 година.
Во историското гласање во ноември 2012 година, на Палестина ѝ беше доделен статус на набљудувач во Обединетите нации, што, во отсуство на статус на членка со полноправно право на глас, ѝ овозможи пристап до агенциите на ОН и меѓународните договори.
Палестинците ќе се приклучат на Меѓународниот кривичен суд (МКС – ICC) во 2015 година, кој ќе дозволи истраги за израелските воени операции на палестинска територија. Соединетите држави и Израел, кои инаку не се потписници на Римскиот статус за основање на овој суд во кој се огромното мнозинство земји во светот, ја осудија одлуката.
Шведска, пионер во ЕУ
Во 2014 година, Шведска стана првата членка на Европската унија која ја призна државата Палестина.
Чешката Република, Унгарија, Полска, Бугарија, Романија и Кипар, како дел од тогашниот советски блок, го направија тоа долго пред да влезат во Европската унија.
Шведската одлука, објавена во време кога напорите за решавање на израелско-палестинскиот конфликт се чинеше дека се во целосен ќорсокак, доведе до долгогодишни бурни односи со Израел.
Нов европски моментум
Шпанија, Ирска и Норвешка одлучија да го следат примерот на Шведска во средата, додека другите западни земји долго време сметаат дека официјалното признавање на палестинската држава мора да биде резултат на мировниот процес со Израел.
Признавањето на Палестина најавија и Малта и Словенија, а таква можност најави и Австралија.