Кој е Армин Лашет и што се очекува од него?

Армин Лашет, новиот претседател ја Христијанско-демократската унија (CDU) во партијата важи како претставник на умерената струја или ткн политички центар и „градител на политички мостови“, и се смета за многу близок на актуелната канцерларка Ангела Меркел кој ќе го продолжи нејзниот партиски курс.

Зошто CDU го смени претседателот

Ангела Меркел се повлече од функцијата челник на германските демохристијани во 2018 година, но остана канцеларка. На нејзино место беше избрана Анегрет Крамп-Каренбауер, која важеше како политичко протеже на Меркел. Според некои од претпоставките во германската јавност, канцеларката со овој потег имала цел на својата наследничка да ѝ даде време да го зголеми својот авторитет во партијата, и во удобно политичко опкружување да ги подготви конзервативците за есенските избори во 2021-та кои ќе избегнат повторно да бидат формираат ткн „голема коалиција“ (ГросКо) со ривалската Социјалдемократска партија на Германија (SPD). Таквиот потег беше во согласност со вообичаената практика дека Крамп-Каренбауер би била ткн „шпицен кандидат“ на следните парламентарни избори и, според рејтинзите во кои CDU постојано има водство но не така изразено како на почетокот од минатата деценија, би била и следната германска канцеларка.

Меѓутоа, новата партиска шефица, којашто истовремено беше и министерка за одбрана, се најде во средиштето на неколку скандали и бунт во партијата. Имено, CDU под нејзино водство загуби неколку избори за покраинските парламенти, што придонесе Крамп-Каренбауер да не може да го изгради својот авторитет и меѓу членството и кај германскит избирачи.

Оттаму, пред малку помалку од една година, во февруари 2020-та, конечно стана јасно дека Крамп-Каренбауер нема да претендира на канцеларската должност. Таквата одлука беше донесена во заднината на скандалот околу изборот на премиер на сојузната покраина Тирингија.

Таму покраинскиот парламент го избра за регионален премиер Томас Кемерих од Слободната демократска партија (FDP). За неговиот избор придонесоа гласовите на покраинските пратници на десната евроскептична и протидоселеничка Алтернатива за Германија (AfD), а истиот кандидат беше поддржан и од пратниците на CDU, кои своите гласови ги дадоа без никаков политички договор. Тоа беше единствен момент во модерната историја на Германија во кој премиер на сојузна покраина ја доби највисоката функција благодарејќи на гласовите од крајната десница. Покрај тоа, беше дијаметрално спротивно со објавите на CDU дека во никаква форма нема да соработува со десницата.

Меркел лично истапи со критики за текот на гласањето во Тирингија и побара повторување на изборите, чекор кој ги продлабочи поделбите во CDU започнати уште во 2016 година, кога партискиот подмладок и конзервативното крило првпат побараа повлекување на канцеларката од челната позиција во партијата, во заднина на одлевањето на гласовите кај десницата. Под притисокот попушти и Камерих кој објави дека се повлекува од должноста само неколку дена откако беше именуван.

Поради вака создадена ситуација во партијата, Крамп-Каренбауер објави дека на следниот партиски конгрес на CDU нема да се кандидира за претседателската функција, па според востановеното правили и нема да се кандидира за канцеларка. Сега демохристијаните го избираа лидерот на партијата и можниот кандидат за германски канцелар.

Лашет минатата година беше една од најприсутните фигури во германската политика. На чело на најнаселената сојузна земја, постојано беше во центарот на вниманието во справувањето со пандемијата на коронавирусот. Одлуките што ги преземаше во борбата против Covid-19 не секогаш беа прифаќани како исправни, што и се одрази на неговиот рејтинг. Сепак, неговото искуство за водство беше значително побогато од оној на конкурентите. Истовремено 59-годишниот политичар кој се смета за поддржувач на курсот на Ангела Меркел сѐ уште се смета за најпопуларен кај партиското членство.

 

Лашет: правник претставник на политичкиот центар

Армин Лашет е роден во западногерманскиот град Ахен во католичко рударско семејство кое своето потекло го има во соседната Белгија.

„Мореме да бидеме јасни во она кон што тежнееме, но не смееме да поларизираме“, изјави Армин Лашет во саботата по изборите на местото претседател на владејачката партија CDU. Додаде дека имајќи ги предвид годинешните парламентарни избори, партијата може повторно да победи само доколу и натаму биде партија на политичкиот центар.

„Она што го донесувам со себе како нов претседател на партијата е искуството во владејачките структури, водство на голема сојузна покраина и приближувањето на различните интереси“, порача Лашет.

Имено, во текот на својата кариера Лашет ги мина сите политички точки; од градски советник, преку пратеник во германскиот Бундестаг и во Европскиот парламент до 2017 година кога стана премиер на најнаселената германска сојузна земја Северна Рајна-Вестфалија. Тоа го разликуваше од другите два кандидата за лидер на CDU, Фридрих Мерц, деловен лобистот кој водеше по првиот круг од гласењето на партиската конвенција и Норберт Ретген, претседател на Комисијата за надворешна политика во Бундестагот и поранешен министер за околина, заштита на природата и нуклеарна сигурност во перидот од 2009 до 2012 година.

Многумина како доказ на неговата умешност во приближувањето на различните политички струи го наведуваа неговото успешно владење во Северна Рајна-Вестфалија каде во коалиција со либералите располага со само еден глас мнозинство.

Лашет себеси се смета за страствен европски политичар и голем поклоник на Карло Велики, кој се смета за првиот обединител на Европа, чијашто престолнина била токму во Ахен, родниот град на новиот лидер на CDU. Пред дваесет години, како претседател на комитетот за надворешна политика во Европскиот парламент, тој беше еден од инспираторите на концептот „заеднички простор од Лисабон до Владивосток“. Се проценува дека Лашет трезвено и прагматично да ги застапува германските и интересите на ЕУ во однос на големите светски сили, како САД, Русија и Кина.

Лашет во партијата поради фактот дека некогаш ја извршуваше и функцијата министер за интерграции, го сметаат и за чувствителен по прашањето на интеграцијата на странците во германското општество и поборник на мулти-културното општество коешто неговата политичка закрилничка Меркел прво го прогласи за „мртво“ а потоа го промовираше. За разлика од кознервативниот Мерц, Лашет ја претставува умерената стрија во CDU која победи со доаѓањето на Ангела Меркел на чело на партијата во 2000 година.

Во својот предизборен говор на конвенцијата, Лашет рече дека се залага за политиката на консензус, обединување на германското оппштество, и оти ја смета за успешна политиката на канцеларката Ангела Меркел и оти е подготвен да ја поддржи. Од своја страна, пак, Меркел во ниеден момент не ја криеше својата поддршка за Армин Лашет, откако тој во 2015 година беше еден од партиските челници кои ја поддржаа во текот на мигрантската криза.

 

Можна ли е комбинацијата Лашет – Шпан

Во текот на кампањата којашто му претходеше на изборот на претседател на демохристијаните, Лашет настапуваше со актуелниот министер за здравство Јенс Шпан, кој стекна голема популарност во текот на справувањето со пандемијата. Многумина претпоставуваат дека Лашет, кој за разлика од својот главн конкурент Мерц позицијата на демохристијански кандидат за канцелар не ја присвојуваше за себеси, токму Шпан би можел да го постави на таа позиција.

Аналитичарите проценуваат дека одлуката за прашањето за тоа кој би можел да ја наследи Ангела Меркел на канцелараската должност би можела да биде донесена по изборите во сојузните покраинаи Баден-Витенберг и Рајнска облас-Пфалц во март годинава. Но како шпицен кандидат, односно кандидат за канцелар се наметнува и претседателот на сестринската Христијанско-социјалната унија (CSU), премиерот на втората по населеност сојузна земја Баварија, Маркус Зедер.

„Претседателот, тоа не е едноставно ставање на круната во детстска градинка. Тој е избран за лидер на најголемата политичка партија во Германија. Тој сега ќе состави тим и едноставно ќе го загуби своето историско значење, ќе остане чудна политичка фигура во историјата доколку со таква победа на грбот се тргне настране“, смета германскиот политички аналитичар Александер Рар.

Коментирајќи го поразот на Мерц, кој водеше по првиот круг од гласањето но загуби од Лашет во вториот по отпаѓањето на Ретген, Рар истакнува дека тоа е последица на фактот дека демохристијаните „не сакаа да да заземат нов курс, станувајќи повторно конзервативна партија, како што предлагаше Мерц“. Политикологот вели дека Мерц би ја водел партијата на друг курс, а Лашер е „реинкарнација на Меркел“, и ќе ја води CDU на нејзиниот курс.