
Новиот британски премиер кој ќе го замени Борис Џонсон ќе биде објавен денеска, јавува Радио Слободна Европа и објаснува дека попладне ќе биде јасно дали нов лидер на Конзервативната партија ќе биде Риши Сунак или Лиз Трс.
Новиот премиер ќе ја преземе функцијата во вторник на 6 септември и веднаш ќе биде под притисок да го објави планот за справување со вртоглавите сметки за струја.
Трас е актуелен министер за внатрешни работи на Велика Британија. Сунак беше поранешен британски канцелар се додека неговата оставка не доведе до процес во кој Џонсон на крајот го загуби премиерското место.
По три месеци кампања, околу 200.000 членови на Конзервативната партија гласаа за наследник на Џонсон ова лето.