Кој ќе го добие енормното богатство на Брус Вилис?!

Деталите за тестаментот на Брус Вилис ја заинтригираа јавноста и веднаш почнаа шпекулациите.

По неодамнешната објава дека познатиот актер Брус Вилис боледува од афазија, ретка болест на мозокот, јавноста остана шокирана. По тој повод, актерот составил нов тестамент во кој е наведено како ќе го распредели богатството кое има нето вредност од 250 милиони долари.

Како што пренесува „Радар онлајн“, неговите две сопруги и неговите ќерки се најдоа во трката за неговото наследство. Имено, како што се наведува, актерот одлучил секоја од неговите ќерки, која ја доби од бракот со актерката Деми Мур, да добие по милион долари.

Сепак, поголемиот дел од богатството ќе оди кај неговата сегашна сопруга Ема Хеминг Вилис и нивните ќерки, Мејбел (10) и Евелин (8). Причината зошто ќерките од неговиот втор брак добија мнозински удел е наводно затоа што Деми Мур е финансиски обезбедена и на тој начин ќе може да ги обезбеди и своите ќерки.

„Тој верува дека Румер, Скаут и Талула го добивале најдоброто од она што можело да се понуди финансиски во текот на нивниот живот. Тестаментот на Брус всушност бил преработен пред неколку години, откако се оженил со Ема во 2009 година, бил изменет кога се родиле децата, а потоа повторно кога беше јасно дека здравјето на Брус е нарушено“, изјавил добро информиран извор за споменатиот медиум.

Фото: Youtube – screenshoot/Инстаграм

Извор: Стилкурир