Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот „Дуел за Македонија“ на телевизија Канал 5 го праша лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој е всушност тој – оној кој го поддржувал проектот „Скопје 2014“ во минатото и аплаудирал на настаните или овој сега кој го критикува.
– Околу вашата позиција кој е сега Ковачевски оној при отворање на проектите од „Скопје 2014“ како официјално лице на една компанија или овој кој сега ги критикува. Кој Ковачевски сте, тој што се поклонуваше на тие антички статуи, отворајќи објекти како Македонскиот театар, Музејот на ВМРО, македонската јавност мора да знае – кажа Мицкоски.
Мицкоски му укажа на Ковачевски дека тогаш не ги штедел дланките и можеби давал најгласен аплауз.