Денеска на јутјуб канало се појави шокантна нова „аудио бомба“ на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за кои се тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик на „СВ Инвест“, фирма која се доведуваше во бизнис односи со семејството Заеви и една од добитниците на тендерите во РЕК Битола и блиска до Вице Заев и извесен Горан Димовски од Битола викан Тушнико.
Во разговорот се открива како од Струмица се даваат наредби и одобрувања за водење бизниси, вадење лица од притвори и справување со политичките опоненти. Од она што го кажува гласот за кој авторот на снимката тврди дека е на Тушнико се потврдува дека тој во Струмица се сретнал со лица чиишто имиња „се совпаѓаат“ со оние на роднините на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Впрочем на фејсбук страницата на извесен битолчанец Горан Димовски Тушникот отворено се покажува дека станува приврзаник на СДСМ, и според таму наведените тврдење дел од „екипа за брза интервенција“.
„На тој Чаки ќе му се запали колата овие денови. Многу ја претера, многу“, се слуша меѓу другото во „аудио бомбата“. На Чаки кој бил од ВМРО и главен бил таму, гласот од разговорот за кој медиумите пишуваат дека е Тушникот, вели дека треба да се „потисне убаво“.
„Значи зелено светло ми е дадено. Рашо го знаеш ти, така?“, вели гласот кој упатува закани на сметка на извесен Чаки.
Т: Значи јас бев во Струмица, заработив некои 30-40 илјади евра. Правевме некои работи таму, со адвокатот таму, еден Турчин го извадивме од притвор. Го имаа пикнато, тој не почасти еден саат, убав 30 илјади евра е тој.
С. Ч.: Добро
Т: И вложуваше. Направија една фабрика за канабис и за она за плантажи. Цело време заедно и на крајот, реално ќе ти кажам тебе, на крајот се потскараа со Трајче.
С. Ч.: Добро
Т: Трајче му даде црвен картон и тој не може таму да работи со тоа.