Кој ги мести Америте „амбасадоре“, м?

Драги читатели и непочитуван „Амбасадоре“ (промоторе на антидржавни елементи во Македонија заради интерес…) морам да Ви пренесам дека на МРТВ се случува во континуитет скандал за кој целото раководство на МРТВ и водителот на продукцијата 360 степени се носат во познат правец (бункерот во Јасен, со комплетен третман за тотално признание од каде дува ветерот и парите за нарушување на општественото уредување на Македонија). Ќе се запрашате зошто, и најверојатно имате мисла дека сум радикален. Е па, до таму дојде работата.

МРТВ има копродукциски договр за емитување на емисијата 360 степени на првиот канал. Првиот канал на МРТВ е наменет за македонскиот народ на македонски јазик, со исклучоци кога говорат дипломати или гости од други држави. Но, кога зборува гостин кој е од друга националност, а функционер во Македонија, доколку сака да си збори на својот јазик МТРВ има свои дополнителни канали и редакции, во конкретниот случај албански. Плус другарот Касами ни промовира трета албанска држава (Косово, Македонија и Прешевската долина).

За жал прво водителот Васко Попетревски неразбира дека ова не е Алсат-М, приватна ТВ станица со дозвола на албански и македонски јазик формирана од Веби Велија (господин човек), а сега е директор Лирим (господин исто) син на легендарниот Џевдет Хајредини, туку јавен сервис – одраз на државата. И да разбере, Талат Џафери на првото национално приватно радио Канал 77 говореше на чист македонски јазик, а Васко може да го достигне новинарско демократското ниво на водителот кога јас ќе рекламирам шампон за коса.

За жал, ај што ЗНМ се однесува како шарлатанско-шутрачко соединение рамно на едноклеточно суштество (вршите јавна функција и ќе трпите критика) кое иде со идеата ај што „г’з“ дадовме, него сега и децата си ги продаваме за 10 евра, туку…

Каде е „Амбасадоре“ АВМУ (Агенцијата) да реагира во заштита на Македонија?

Е, оваа Агенција „Амбасадоре“ е твојот коалиционен партнер. Демек работите на медиумска писменост. Не „Амбасадоре“ вие како човек работите за вашите ситни интереси. Затоа и Агенцијата додели 5 милиони денари на ИРЛ, пари за кои нашето законодавство ќе мора многу да цени помеѓу формално правниот дел и нормално тотално неправичниот пристап на распределба за кои сите нормални медиумски играчи ќе се запрашаат пред да заклучат: „Фелацио“ одлука со одобрување на независни „Фелацио“ медиумски играчи за заштита на изминат мандат и плата со посебно внимание да се бара заштита од Америте и Холандезите за удоволување на нивните потреби?

Што не ти е јасно „Амбасадоре“? Дали знаеш дека за 6 милиони денари се снима филм во Македонија? Не те интересира тебе тоа „Амбасадоре“. Битно е да „Фелацио“ медиумските играчи да те ранат тебе со потребни информации за дипломатска кариера. Една од таквите е: Виктор Грозданов „јаде го…а“. Да така е. Ама јас од пчела, а твоите „шутрак“ пајташи заедно со „Фелацио“ медиумски играчи од пчеларот.

За да знаеш „Амбасадоре“  има една основна разлика, јас те почитувам и тебе и твоето Кралство Холандија, а ти не мразиш од дното на душата и мислиш дека сме „Диво Племе“ и тоа во коалиција со „Фелацио“ играчите за ситни евро средства.

Затоа „Амбасадоре“ морам да ти раскажам една приказна за да ја разбереш својата позиција како човек. Приказната е од почит кон Махатма Ганди.

Знаеш како „Амбасадоре“ тебе те убедуваат дека свиња и орел неможат заедно да ручаат. Да, така е. Затоа јас летам каде сакам и не се ограничувам на свињарникот.

Па, мене ми велат дека кога би бирал да земам вреќа со мудрост или пари. Јас секако со пари. Вреќата со мудрост ја зема друг. Впрочем секој си зема она што на него му недостасува.

Многу мудрост „Амбасадоре“ мора да се има и многу информации за да се селектираат вистините, посебно кога се во прашање Америте (жаргон за САД и сите нејзини државни институции).

И затоа во контекст на доделувањето на средствата во вредност од 5 милиони денари кон ИРЛ за наводно истражувачко новинарство посебно за време на изборите, а сето тоа спроведено од страна на Агенцијата која притоа има свој програмски сектор за тоа дали се лаже или не за време на политичките кампањи се поставува едно прашање до Вас „Амбасадоре“, а јас знам дека одговорот е ЛАГА:

Дали е вистина дека наводно на Ваше барање и инсистирање поради кризата во Тексас, САД, дошло до финансиски недоразбирања за проекциии во делот на истражувачко новинарство, сте излегле во пресрет и сте издејствувале средства од АВМУ (Агенцијата) без знаење на советниците, ама со амин на директорот, а он демек договорен со една дипломатска легенда од Амбасадата на САД, да се трансферираат пари или финансиски средства, како сакате, кон ИРЛ?

Еее мој „Амбасадоре“. Имаш уште да учиш од вреќата со мудрости.

Во следната колумна ќе ти објаснам зошто ги обожавам Америте и како се украдени 250 милиони евра со амин од такви како тебе и твоите медиумски пајташи.

Да живее Македонија!

Некорумпиран Колумнист Виктор Грозданов!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес