Дали за „Еуроникел“ постои некаква иднина, кога и дали, една од најголемите македонски компании, ќе се врати на вистинскиот пат?, прашуваат загрижени вработени, според чии сознанија, над стотици работници наскоро ќе бидат испратени дома. Истовремено, над 400 компании кои непосредно досега соработуваа со „Еуроникел“, останаа без наплата на своите побарувања. Дали за „Еуроникел“ има иднина? Работниците не се единствените што се соочуваат со сериозен финансиски удар поради неработењето на фабриката за фероникел. Компанијата учествува со 3% во Бруто домашниот производ (БДП) на Северна Македонија , со што има силно влијание врз кревката домашна економија. Компанијата со години е најголемиот потрошувач на струја, но се чини дека повеќе не може да си ги плаќа сметките. Иако лани пријави профит од повеќе од половина милион евра, денес имаат високи долгови кон нивните снабдувачи. Проблемот е присутен подолго време.
Годинава вниманието го привлекоа стотици работници кои се пратени на принуден одмор и земаат само 70% од платите. Од петокот исклучена е и печката која сега едвај се одржува топла, без планови за натамошно производство бидејќи компанијата не можела да ја плати рудата што би требало да се преработи во фабриката. Причина повеќе за работниците повторно да стравуваат за своите работни места. Пред само 4 години компанијата ГСОЛ најави нова инвестиција и оствари извоз од над 200 милиони евра. Компанијата требаше да исплати 30% повисоки плати и да вработи повеќе работници, но наместо тоа се чини дека ќе ги пратат дома.
Кога се појавија сегашните сопственици, пред неколку години постоеше страв дека фабриката може да стане дел историјата. По преземањето на фабриката, сопствениците ветија нова инвестиција и нови производствени капацитети, кои за жал не се реализираа. Дали стравот од минатото повторно станува реалност за некогашниот ФЕНИ? Дали Бордот и акционерите ја водат компанијата до нов стечај? Регионални медиуми деновиве објавија дека извесна странска компанија К.А.Д.Менаџмент од Кипар, подолг период пројавува подготвеност да го преземе заболениот гигант. Но, се чини дека досега во оваа насока нема промени, а актуелните сопствениците како да немаат интерес за иднината на комбинатот или нејзините работници. Ќе биде ли само прашање на време кога сите ќе бидат испратени дома? Колку време е потребно за работниците повторно да почнат да протестираат? Дали сопствениците си поигруваат со приходите и егзистенцијата на 1000 работници и илјадници работници чии работни места индиректно зависат од комбинатот? Веќе во следните неколку денови треба да се исплати и плата, но дали работниците ќе ја добијат?
Сегашните сопственици, ГСОЛ се чини дека се решени да ја одведат компанијата во стечај. Искусниот менаџер пред само неколку месеци, во оствари извоз од над 200 милиони евра. Компанијата требаше да исплати 30% повисоки плати и да вработи повеќе работници, но наместо тоа се чини дека ќе ги пратат дома.
Дали стариот искусен менаџер си замина затоа што предвидувал мрачна иднина за металуршкиот гигант од Кавадарци? Или бил турнат затоа што ги довел во прашање погрешните стратегии или недостатокот на инвестиции или на поддршка од сегашните сопственици?