Ко-основачот на Пинк Флојд под „цензура“ во Полска поради ставовите за Украина

Концертите на Роџер Вотерс во Полска биле откажани поради неговиот став за украинскиот конфликт?!

Коосновачот на Пинк Флојд, Роџер Вотерс ги демантираше медиумите дека откажал два концерта во Краков, Полска. Тој ги обвини локалните власти дека го цензурираат поради неговите критики за вмешаноста на Западот во конфликтот во Украина.

Во објава на Фејсбук во неделата, Вотерс се обрати до Гардијан и полскиот весник Газета Краковска.

„Вашите весници грешат во нивните тврдења дека или јас или моето раководство, ги откажавме моите претстојни настапи во Краков. Не сме ги откажале“, рече тој.

Тој, сепак, потврди дека советникот во градот Краков, Лукаш Вантуч, поднел предлог за прогласување на Вотерс за персона нон грата. Според музичарот, тоа е „поради моите јавни напори да ги охрабрам сите инволвирани во катастрофалната војна во Украина… да работат на мир преку преговори“.

Вотерс продолжи да тврди дека Вантуч ги повикал луѓето да го бојкотираат неговото шоу, истакнувајќи дека овој притисок „не е многу демократски“.

Ко-основачот на Пинк Флојд рече дека ако овие напори доведат до откажување на концертите, тоа ќе биде „тажна загуба“ за него, но и за жителите на Краков кои сакаа да го видат шоуто.

„Драконското цензурирање на мојата работа од страна на Вантуч ќе им ја ускрати можноста сами да си донесат одлука“, рече музичарот.

Објавата на Фејсбук дојде како одговор на написите што се појавија во неколку полски медиуми, а подоцна и во Гардијан.

Извештаите го цитираа организаторот на концертот, Лукаш Питко, кој рече: „Менаџерот на Роџер Вотерс одлучи да се повлече – без да наведе никаква причина“.

Ветеранската рок-ѕвезда постојано ги обвинува САД и Западот дека го поттикнуваат конфликтот со тоа што ја снабдуваат Украина со оружје.

Вотерс напиша отворено писмо до првата дама на Украина, Елена Зеленска, претходно овој месец, обвинувајќи дека „повиците на екстремен национализам“ во Украина дека ја вовлекуваат земјата во конфликт.

Вотерс, неодамна во интервју за Си-ен-ен во кое, меѓу другото, го обвини новинарот дека премногу верува во пропагандата на неговата ТВ-станица.

На неговата северноамериканска турнеја насловена „This Is Not A Drill“ на сцената, се прикажувале слајдови од луѓе кои Вотерс ги нарекол „воени злосторници“.

Според извештаите на агенциите, американскиот претседател Џо Бајден исто така бил прикажан веднаш по неговиот претходник Доналд Трамп.

Вотерс бил прашан зошто мисли дека сликата на Бајден треба да стои екранот со воени злосторници.

„Па, тој го разгорува огнот во Украина, за почеток – тоа е огромно злосторство“, одговорил музичарот, реторички возвраќајќи:

„Зошто Соединетите Американски Држави не го охрабруваат Зеленски, украинскиот претседател, да преговара, избегнувајќи ја потребата од оваа ужасна, ужасна војна која убива… Не знаеме колку Руси“, изјавил тој.

Смеркониш побарал од Вотерс да ја разгледа улогата на САД како „ослободител“ во војната меѓу Украина и Русија, на што тој одговорил:

„Немаш улога на ослободител! За што зборуваш?“

Водителот потоа ја навел Втората светска војна како пример, по што Вотерс брзо го демантирал:

„Вие (САД) влеговте во Втората светска војна поради Перл Харбор. Бевте целосни изолационисти до таа тажна, разорна, страшна 1941 година“, рекол тој.

„Она што треба да направите е да ја погледнете историјата. Може да се каже дека сè започна во 2008 година. Оваа војна во суштина е реакција на акциите на НАТО што се туркаа до руската граница, тие ветија дека нема да го направат тоа кога Горбачов преговараше за повлекување на СССР од целиот источен Европа“, нагласил Вотерс.

„Би предложил да отидете и да прочитате уште малку и да се обидете да разберете што би направиле САД доколку Кинезите постават нуклеарни ракети во Мексико и Канада“, додал тој.

Кога новинарот на Си-ен-ен рекол дека Кинезите се „премногу зафатени околу Тајван во моментов“, Вотерс одговорил дека Тајван е дел од Кина.

„Тоа е апсолутно прифатено од целата меѓународна заедница од 1948 година. Ако не знаеш, не читаш доволно. Вие верувате во пропагандата на вашата страна. Не можете да зборувате за човекови права и за Тајван без всушност да читате“, истакнал Вотерс.