Кој сака МАНУ да ја претвори во дувло на политичка партија?

Македонската академија на науките и уметностите претставува институција која за важните државни прашања треба да има стратешка позиција. Политикантството кое преку одредени карикатури се настојува да навлезе во овие академски врати е опасност од национален интерес. Исто така, интересот на одредени академици да го промовираат личниот или интересот на одредена политичка партија е многу штетен за успешното функционирање на Македонската академија на науките и уметностите. Се чини дека мешетарењето на академикот Владо Камбовски последните месеци ги надмина границите на нормалното. Врвот на неговото лично влијание во персонализирањето на работата и членовите на академијата е последниот конкурс за нови академици.

Една професорка на Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје, од Катедрата на која и припаѓа и актуелниот академик Камбовски, конкурирала за академик и од аспект на човековите слободи и права тоа не е спорно. Но, за да се види играта без граници ќе направам една паралела помеѓу професорката Гордана Лажетиќ и професорот Владо Камбовски, првата претендент за академик, а вториот академик. Гордана Лажетиќ конкурира како србинка, што не е спорно, но дали знае српски јазик незнам! За нив слободно може да се каже дека се медиокритети на секоја власт. Едно нив ги спојува: да имаат толку многу функции што не знаат што да прават со слободното време и живот. Имено, академикот Владо Камбовски, во времето на претходниот мандат на ВМРО ДПМНЕ после пензионирање, покрај тоа што беше експресно избран за академик, за Ректор на ФОН, долги години помина во Одборот за акредитација на високото образование, да не зборувам за авторските договори за кои никој нема увид, за учеството во комисии и за што ли уште не. Интересно е што и Зоран Заев го предложи и Камбовски во мандатот на оваа влада повторно е Претседател на Одборот за акредитација на високото образование. Токму оваа алчност за функции и за богатење ја забележувам и кај професорката Гордана Лажетиќ која од ова што ќе го наведам според официјални податоци покажува дека нема сенс за доста, за тоа друг да дојде на некоја позиција. Оваа претендентка за иден академик ја има во следните институции:

1.професор на Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје;

  1. Гордана Лажетиќ, со доаѓањето на СДСМ на власт, експересно е иззбрана за нов чен на Програмскиот совет на Академијата за суди и обвинители. Извор: https://jpacademy.gov.mk/member_position/program_council/

3.Гордана Лажетиќ, од Владата на СДСМ е избрана за член/претседател на Националиот совет за високото образование. Извор: https://kanal5.com.mk/konstituiran-nacionalniot-sovet-za-visoko-obrazovanie-i-nauchno-istrazhuvachka-dejnost/a478772

4.Гордана Лажетиќ член е на знајни и незнајни комисии во Министерството за правда на Маричиќ, заедно со претседателот на судот од Кавадарци – Лазар Нанев и главен во комисијата за утврдување на наводни грешки на судии во времето на СДСМ кое за среќа од вчера е минато време.

Како што може да се види, во оваа држава има поединци кои не знаат за усул и кои се себични во своите желби да добиваат нови и нови функции. А кои се резултатите на Гордана Лажетиќ од тоа што е во Националниот совет за високото образование? На кое дереџе е високото образование кај нас??? Има ли срам оваа професорка??? Колкави се приходите од сите воннаставни активности кои таа ги извршува??? Дали може јавно да ги објави???  Таа тоа и го должи на македонската јавност затоа што толку многу функции има и на толку работи е претседател, што може да и позавиди и претседателот Пендароски, кој само е претседател на државата. А професорката Лажетиќ е претседател повеќе и од него. Само незнам дали е претседател на куќен совет во зградата каде што живее. Таа со претседателот на судот во Кавадарци е тандем кој успешно се протнува секаде. Да тандемот Лажетиќ/Нанев е интересен и за научно проучување за да може идните генерациии да имаат модел како се освојуваат институции.

Почитувани академици, не дозволувајте влијанието на Камбовски да ги разниша темелите на МАНУ. Почитувани членови на новата влада, веднаш после стапување на новата влада разрешето го Камбовски од функцијата Претседател на Одбор за акредитација. Исто така, веднаш разрешете ја Лажетиќ од Советот за високото образование и програмскиот одбор на Академијата за судии и обвинители. Веднаш отворете истрага за работата на претседателот на судот Лазар Нанев за изминатите 10 години, за парите од ФФМ, за многу други индикативни активности. Да се сомневаш значи дека постоиш. Секој од нас треба да ја почитува презумпцијата на невиност. Но, Лажетиќ, Камбовски и Нанев треба да сфатат дека во државата не се само тие во судството и образованието. Одговорност мора да има. МАНУ не е институција на Камбовски од фамилијарно наследство, како што ни судот во Кавадарци не е на Лазар Нанев.

Предлагам да отпочнеме јавна петиција да се блокираат овие процеси, не затоа што имам нешто лично против овие личности. Напротив, сакам да им укажам дека треба да имаат разбирање и за другите.

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес