Бисера Антоанета призна дека изнајмила луксузен трособен стан во Виена за четири ноќи, за 1200 евра со поглед на виенскиот парк, рече на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.
-Плаќањето преку апликацијата Букинг го објавивме вчера, а денес објавуваме кој го резервирал станот за Антоанета и на чие име е резервацијата. Ова е првата страна од копијата од резервацијата која лично Антоанета ја поднела во Министерството за култура со цел да ги оправда потрошени пари од службената картичка. А на резервацијата се гледа дека е направена од Марија Магдалена Петковска Микаровска, професорка по англиски јазик од Битола, другарка на Бисера Антоанета. Се поставува прашањето дали Бисера Антоанета изнајмила луксузен трособен стан во Виена за четири ноќи наместо хотел кој е далеку поевтин, за со неа да ја шета и нејзината другарка со народни пари? Зошто Бисера Антоанета службената картичка си ја користела за приватни прошетки и забава? Кој се патувал со Бисера Антоанета на државен трошок во Виена и кој се спиел во луксузниот трособен стан? Праша, Лефков.
Утре продолжуваме со нови детали за патувањето на Антоанета во Виена и трошењето народни пари, додаде Лефков.