Коалиција на Египќаните бара одложување на пописот, стравува од етничко претопување

Пописот, како најсложена статистичка операција, е многу повеќе од статистичка операција за Египќаните, бидејќи самиот попис треба да биде објективен, кредибилен, со точно утврдена методологија, согласно принципите на ЕУРОСТАТ.

Демир Далип од Коалицијата на Египќани тврди дека во Македонија има повеќе од 30.000 Египќани, како посебна автохтона и автентична етничка заедница.

„Попис кој би ги дал реалните показатели објективно не може да се спроведе во услови на пандемија со ковид-19. Поради тоа бараме истиот да се одложи. Кредибилен, објективен и коректен попис ќе имаме ако имаме и претседатели или заменици претседатли Египќани во пописните комисии, со попишувачи Египќани, а сѐ со крајна цел, да се утврдат веродостојни податоци, очекувањата се дека нѐ има над 30.000 Египќани“, вели Далип.

Истаканува дека како етничка заедница се најмаргинализираната, најнеинтегрираната, и дека тоа треба да го загрижи државниот врв, бидејќи сите меѓународни организации располагаат со тие податоци.

„Врз Египќаните со години се практикува ,, тивка асимилација и без никакви права принудени се да се декларираа како припадници на други етникуми. Јавна тајна е, дека користат ромски стипендии, кога не можат како Египќани да користат стипендии наменети за ова етничка заедница. Дали е тоа демократски и фер??? Дефинитивно не е. Ако, има стипендии за средношколци и студенти Роми, зошто да нема за Египќаните, па да не ги ‘украдеме’, на нашите сограѓани Роми???“, вели Далип.

Очекува најавениот попис на населението да даде статистички податоци  за да се креираат политики во интерес на сите грагани, интегрирачки и продуктивни.

„Очекувам, исто така, пописот да даде сигнал да се официјализира Денот на Балканските Египќани, да имаме соодветна и правична застапеност во институциите на системот. Исто така, очекуваме вработувања на Египќанните согласно Охридскиот Рамковниот Договор, каде нема ниту еден деклариран а вработен Египќанец/ка, што е крајно дискриминирачки“, истакна лидерот на НГИ Коалиција на Египќан.

Далип додава дека Египќаните во последно време се „притиснати, исплашени и принудени“ да заминат надвор од Македонија, наместо да создаваат „да творат во сопствената татковина како своја и неотуѓива, што не доликува на држава која е членка на НАТО и кандидат за полноправен член на ЕУ“.