Коалицијата „Египќани“ бара соодветно институционално интегрирање во државата

Припадниците на автентичната и автохтона етничка заедница Египќани во Македонија, подолг временски период се под закана за една ,,тивка административна асимилација,, која доаѓа од одредени центри на моќ. Како, резултат на едни такви антидемократски дејствија, беше и нерелната и необјективна бројка на Египќани на Пописот 2021 година, која изнесуваше 2406 Египкќани на ниво на цела држава.

Таа состојба прикажана од страна на Државниот завод за статистика, НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ,, не ја прифати, бидејќи е далеку од реалната бројка на Египќани во Македонија. Како резултат на ,,асимилаторските дејствија,, Египќаните се едни од најдискриминираните, најмаргинализираните и институционално најнеинтегрираните граѓани во Македонија.

Овие, факти се нотирани и во Извештаите на Народниот Правобранител како и во Извештаите на Европската Комисија. За ова загрижувачка и очајна состојба на мојот народ, се информирани во детаљи највијателните Амбасади во Македонија.

НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ,, меѓу првите јавно ги поддржа листите за пратеници на ВМРО ДПМНЕ како и кандидатот за Претседател и сегашна Претседателка на Македонија, Проф.Д-р Гордана Сиљаноска Давкова. Сакам да нотирам дека имаме извонредна соработка и комуникација со Премиерот , Проф.Д-р Христијан Мицкоски уште од 2016 година и тоа не охрабрува и мотивира да се надеваме дека ќе ни помогне како посебна етничка заедница да опстанеме и бидеме соодветно интегрирани, и да не останеме како граѓани од 5 ти ред во Македонија.

Очекуваме, во најскоро време да реализираме средба со Премиерот, Проф.Д-рХристијан Мицкоски, како и со Амбасадорите на САД, Германија, Франција, Холандија, Велика Британија како и со мисијата на ОБСЕ, а се со цел да се зачува интегритетот на етничката заедница Египкани, истата да биде соодветно институционално интегрирана и демаргинализирана, истакна лидерот на НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ, Дипл.правник Демир Далип.