Коалицијата на Ковачевски на стаклени нозе – Павле Трајанов нема да гласа за новата Влада

Во Владите на Димитар Ковачевски имаат нарушен етнички баланс. Етничкиот баланс е нарушен уште од минатата година кога ја состави Владата во јануари, а сега се најавува исто со тоа што се преговара со Алијанса за Албанците, оцени пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов чија партија е дел од коалицијата со СДСМ.

Трајанов ова вечерва го кажа на гостување на телевизија Сител во централниот Дневник.

„Во Владата на Ковачевски има нарушен баланс со алтернатива односно кога ја направи владата минатата година. Сега се најавува само продлабочување на застапеноста. Јас немам ништо против, ниту сакам поделби по етничка линија, но, со дополнително влегување и на Алијанса тоа ќе се случи неминовно. Е, сега, Ковачевски треба да обелодени дали има некои дополнителни комбинаторки со кои тоа нема да се случи“, рече Трајанов. Според него целосно неприфатливо е нарушување на уставните и рамковни принципи како соодветна незастапеност.„Ако Ковачевски го подели колачот меѓу 25 проценти тогаш во ред, ако не јас нема да гласам за таква влада“, дециден е Трајанов. Трајанов укажува дека во ваква ситуација треба да се каже дека ДУИ не ја контролира пратеничката група и дека треба влез на други партии.

„Но, во тој случај треба да се отстапи и дел од колачот министерски, директорски и други места. Ваквиот начин на нерамномерна поделба ќе направи само раздор“, вели Трајанов кој укажува и дека изјавата на лидерот на Алијанса дека се влегува за ЕУ интегрирање не држи.
„Сите сме за интеграција и не е во ред да се условува со влез во Влада“, укажува Трајанов.

div>