Kоалицијата СДСМ-ДУИ го кочи спроведување на законот за отисок на прст, за да има нова изборна кражба

Заглавија разговорите за изборниот закон поради играта топло ладно на тендер коалицијата СДСМ-ДУИ во делот на имплементација на законската обврска за воведување на електронски отисок на прст, дознава НетПрес од партиски извори.

Заев и СДСМ одбиваат да го спроведат тоа што е предвидено со закон и кое веќе го пишува во изборниот законик. Се измислуваат изговори преку ДУИ, купувајќи време и кочејќи ја реформата. Единствени се во криминалот, и усогласени во кражбата на изборите. Намерите се јасни, да не се воведе реформата за да продожи семејното гласање, брзите прсти и полнење на кутии какво што гледаме низа изборни циклуси наназад.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во врска со ова, најавуваат дека ќе денеска ќе одржат прес конференција.