Министерот за здравство кој е и дел од албанската коалиција „Вреди“, Арбен Таравари, денеска во изјава за медиумите на прашањето за одлуката на Уставниот суд за укинување на „балансерот“, истакна дека тоа се проблеми кои биле во Судот со години.
„Уставниот суд одлучи за 100 дена Влада да ги извади сите тие на површина, тоа се проблеми кои треба да се решат. Мислам дека етничката припадност е уставна категорија и се надевам дека наскоро ќе има нов закон. Кога е тоа уставна категорија треба да има и закон, со кој ќе се предвиди застапеност, не само етничка, туку и на сите категории на луѓе кои живеат во државата, да имаат правична застапеност во институциите“, вели Таравари.
Според него, законот е готов и се очекуваат мислења од меѓународни експерти.