Коалцијата Врединема да инстира на уставни измени по секоја цена како што најавуваше пред изборите. Изет Меџити за „Алфа“ вели дека ќе се внимава на чувствата на Македонците и ќе се бараат гаранции од Европската Унија за сигурна интеграција на Македонија.
-Измените зависат првично од поголемата заедница, т.е. од Македонците во оваа држава. Ние во ниеден случај не сакаме да се чувствуваат загрозени, оставени сами на себе. Напротив, сакаме заедно да најдеме заеднички пат кон интеграција, која што е единствена аспирација за сите граѓани на државата, изјави Меџити за ТВ Алфа.