Коалицијата на францускиот претседател Емануел Макрон „Заедно“ (Ensemble!) во првиот круг од парламентарните избори во неделата освои 25,71 отсто од гласовите, додека левичарската коалиција „Нов народен еколошки и социјален сојуз“ (Nupes) на Жан-Лук Меланшон освои 25,61 отсто од гласовите, според податоците на француското министерство за внатрешни работи по обработката на 100 отсто од изборниот материјал.
Третото место според освоените гласови го освои десничарската партија Национален собир на Марин Лепен со 18,7 отсто, а четвртопласирана е конзервативната партија Републиканци со 10,4 отсто, а крајно десната партија Реконквиста на Ерик Земур е на петтото место со 4,2 отсто од гласовите. Другите партии и коалиции не успеаја да го минат лимитот од 4 отсто под гласовите.
За квалификување во вториот изборен круг, кој ќе се одржи на 19-ти јуни, кандидатите на коалициите мораа да освојат најмалку 12,5 отсто од гласовите на запишаните гласачите регистрирани во нивната изборна единици.
Според овие резултати со незначителна предност, и се претпоставува дека ќе ја загуби доминацијата во Националното собрание, во вториот круг влегува коалицијата „Заедно“ која ја сочинуваат партијата „Возраѓање“ на Макрон (порано Републиката во движење), центристичката партија Демократско движење и партиите од десниот центар Хоризонти и Дејствување
Конкурентската левичарска коалиција Nupes, ги вклучува, пак, Непокорна Франција на Меланшон, Социјалистичката партија, Комунистичката партија и партијата Европа-Екологија-Зелени.
Според политичките коментатори, бидејќи изборите се спроведуваат во два круга кога се можни и прелевања на гласовите, резултатите од првиот круг не се сигурен показател кој на крајот ќе го добие мнозинството во 557-члениот долен дом на францускиот парламент. Се истакнува дека во првиот круг во неделата на избирачките места не излегле рекорден број гласачи, повеќе од половината.
Според прогнозите, се очекуваше дека коалицијата на претседателот Макрон во првиот круг ќе мине релативно слабо, бидејќи левицата профитирала од незадоволството на јавноста од растот на животните трошоци.