
Меѓународната коалиција предводена од САД, што се бори против Исламската држава, ги нападна силите на сирискиот претседател Башар ал Асад кои се приближиле до базата каде специјалците на коалицијата ги обучуваат бунтовниците, пренесува БТА.
Во соопштението на Пентагон се наведува дека нападот се случил бидејќи силите на режимот влегле во областа близу до базата на коалцијата во јужниот дел на Сирија со тенкови, артилериско оружје, противвоздушно оружје, други возила и повеќе од 60 војници.
Исто така се наведува дека сириските владини сили игнорирале неколку предупредувања на коалцијата предводена од САД.