13.8 C
Skopje
понеделник, ноември 18, 2024

Коалиционата партнерка на Заев: Ужас до болка, вие во чие име зборувате? Никој нема мандат за ова!

Поранешната пратеничка и коалиционен партнер на Зоран Заев Лилјана Поповска од партијата ДОМ преку статус на Фејсбук пишува дека денешните изјави на Заев се национално и ментално самоубиство.

-Ужас до болка. Ако на ЕУ и треба вакво национално и ментално самоубиство, тогаш ЕУ каква што ја почитуваме и посакуваме, престанала да постои!? Неприфатливи се вакви изјави од македонски политичари за сериозни прашања! Во чие име се зборува? Никој нема мандат за ова!!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.