Коалицискиот партнер на СДСМ, Зајкова: Нема реформи во правосудниот систем бидејќи на некој му одговора овој хаос

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова, коалициски партнер на СДСМ и ДУИ во емисијата Анализа на телевизија 24 призна дека владата не спроведува реформи во правосудниот систем бидејќи како што рече таа на некому му одговора ваквиот хаос се со цел да нема одговорност.

За правосудството само зборуваме но никој не сака да направи ништо бидејќи по она што можам да го сфатам сега од оваа позиција е дека на некого му одговара ваквиот хаос во правосудството со цел да нема одговорност, рече Зајкова.

Зајкова додаде дека како резултат на катастрофален систем, секој ден по еден млад човек се иселува од државата, што практично призна дека владата на СДСМ и ДУИ не презема ништо за масовното иселување на младите.

Не гледаме никакви суштински реформи кои се преземаат. Туку гледаме од година во година само дека системот тоне од надоле. Се согласувам со Наум е дека секој ден по еден млад човек ни се иселува од државата и тоа треба да не загрижува и треба стварно за одредени ресори да најдеме консензус и да направиме суштински реформи, изјави Зајкова, претседателка на ЛДП.