Коалицискиот партнер на Заев, Трајанов потврди: Неспорен факт е дека криминалот ја јаде државата

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и коалициски партнер на владејачката СДСМ, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“, на телевизија Алфа, рече дека парламентарно мнозинство на некој начин е разнишано/

Како што оцени Трајанов, доколку се „задржи кохезијата“ во ДУИ, тогаш Владата е стабилна, но ако не, тогаш се отвора прашањето за нејзино паѓање а на тој начин се отворо просторот за предвремени парламентарни избори.

„Ако се задржи кохезијата внатре во ДУИ владата е стабилна, ако не се задржи тогаш ќе се отвори прашањето околу пад на влада и да се отвори простор на нови парламентарни избори“, рече лидерот на Демократскиот сојуз.

Во однос на криминалот и корупцијата, Трајанов призна дека криминалот „ја јаде државата“, како и дека сето тоа е неспорен факт.

„Две клучни прашања се битни во Македонија. Прво силна партизација и политизација, ние значи сме за целосна демонтажа на овој партиски систем во Македонија. И втора работа е високата корупција и криминализација на државата, тоа е неспорно, криминалот полека ја јаде државата“, изјави Трајанов.