Коби Брајант повторно се повреди

Најдобриот кошаркар на тимот Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, повторно се повреди и ќе мора да паузира во наредните шест седмици поради повреда на коленото. Тој има мала скршеница на коска и кее мора да мирува во наредниот период, за да заздрави од најновата повреда.
„Ова е навистина неверојатно. За жал Коби ќе мора повторно да паузира, а работеше напорно за да се врати на терените“, изјави тренерот на ЛА лејкерс, Мајк Д’Антони.
Коби Брајант на шестте натпревари што ги одигра оваа сезона имаше просек од 13,8 поени, шест асистенции и 5,8 загубени топки по натпревар.