Поради повредата на рамото, Коби паузираше дури девет месеци, а откако целосно се рехабилитираше, на претсезонскиот меч против Јута за прв пат се врати на паркетот.
Лејкерси славеа со 90:71, а Брајант за 12 минути на паркетот успеа да постигне 5 поени. Сепак, “црната мамба” прописно се посрамоти на својот кам-бек откако при еден обид за три поени ја “изделка” таблата.