Коби Брајант се закити со Оскар

Поранешената легенда на НБА, кошаркарот на  Л.А. Лејкерс, Коби Брајант (39) од минатата ноќ може да се пофали и со Оскар во неговата престижна трофејна колекција. Тој ја освои наградата во категоријата краток анимиран филм „Почитувана кошарко“, како извршен продуцент на филмот.

– Не знам дали ова е можно, бидејќи кошаркарите треба само да молчат и да дриблаат, но мило ми е што правиме малку повеќе од тоа. Се чувствувам подобро и од тогаш кога ќе освоев шампионски прстен од НБА. Ви се колнам- рече Брајант.

На Брајант веднаш му честитаа бројни кошаркарски ѕвезди како што се Меџик Џонсон, Бил Расел, Шекил О’Нил, Леброн Џејмс …

На крајот, Брајант им се заблагодари на сопругата Ванеса и на нивните три ќерки со зборовите „Вие сте моја инспирација“.

Фото: Reuters