![lakers12](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/lakers12.jpg?resize=696%2C493&ssl=1)
Сите со нетрпение го очекуваат Ол Стар натпреварот во НБА лига(14 – 16 февруари) , а веќе се познати и членовите на стартните петорки за спектаклот кој ќе се игра во Њу Орлеанс.
Актуелниот МВП на лигата, Леброн Џејмс, собра најмногу гласови од сите кошаркари (вкупно 1.416.419) и ќе ја предводи Источната конференција, во која во стартната петорка се најде место и за Пол Џорџ (Индијана), Кармело Ентони (Њујорк), Кајри Ирвинг (Кливленд) и Двејн Вејд (Мајами).
На спротивната страна, улогата на стартери во „западот“ според гласањето на НБА-фановите ќе им припадне на Кевин Дурент (Оклахома), Коби Брајант (ЛА лејкерс), Кевин Лав (Минесота), Стивен Кари (Голден стејт) и Блејк Грифин (Лос Анџелес клиперс).
„Со сета должна почит кон сите оние што гласаа за мене, но факт е дека јас сезонава не одиграв скоро ништо. Ол -стар мечот треба да е собир на најдобрите во досегашниот тек од сезоната, затоа некој од помладите што досега одигра одлично треба да го заземе моето место“ , изјави Брајант.
Според НБА-правилата, казната за ненастапување на мечот од олстар викендот изнесува суспензија од два меча, па Коби најверојатно ќе биде принуден да биде дел од овој спектакл, макар и имал минимална минутажа во Њу Орлеанс.