Коби Брајант се врати на паркетот по пауза од десет месеци и за 20 минути игра постигна 13 поени во победата на ЛА Лејкерс над Денвер Нагетс со 98-85. Ова беше прв претсезонски дуел за Лејкерси, а Коби на истиот докажа дека полека но сигурно ја остави позади себе тешката повреда поради која направи пауза во изминативе 10 месеци.
Покрај него, добар натпревар имаше уште еден повратник на паркетот, Стив Неш, кој забележа 11 поени и 5 асистенции.
Од поинтересните претсезонски натпревари кои се одиграа ова утро, Атланта без Перо Антиќ успеа да оствари победа над Њу Орлеанс (93:87), Торонто го победи Сакраменто со 99:94, додека Бостон не и даде никаква шанса на Филаделфија на домашен терен (98:78).