Коце Трајановски на митинг на претседателот на Албанија Илир Мета (ФОТО)

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на покана на Претседателот на Република Албанија вечерва присуствуваше на централниот митинг на неговата партија Движење за социјалистичка интеграција.

На митингот одржан во Тирана присуствуваа повеќе од 100 000 членови и симпатизери. Според различни анкети се очекува на претстојните избори во Албанија, партијата на Илир Мета да биде фактор без кој нема да може да се состави идната албанска Влада. Посетата на Коце Трајановски е потврда за пријателските односи со Илир Мета.