Коцевски не постапува и не го санкционира криминалот со што предизвикува ерозија на судскиот систем

Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството. Коцевски е платен од граѓаните и треба да ја гарантира правдата и владеењето на правото, а не да е во спрега со политичките криминалци на СДС и ДУИ, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Надежта за правда на која се фокусираше СДС заврши неславно со инсталирање на обвинители и судии избрани во Струмица и Зајас кои не постапуваат по наводите за криминал. Наместо правда, од владеењето на СДС и ДУИ остана само клиентелизмот на судиите избрани во Струмица и Зајас кои ги опструираат предметите и не постапуваат.

Коцевски не постапува по наводите за криминал во Онкологија, ЈПДП, Државна Лотарија, ТЕЦ Неготино, РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, Министерството за здравство, нивите купувани долж трасата за автопатот Скопје – Блаце и мноштво предмети за кои известуваа медиумите.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, не презема мерки за значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција.
Неактивноста на Јавниот обвинител доведува до незадоволство кај граѓаните од правосудниот систем, наместо да обезбедат правда тие комплетно го блокираат правосудството, а поради таквите постапки довербата на граѓаните во судскиот систем е 2 проценти. ЈО на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ, со што предизвикува ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции.
Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем, велат од оваа партија.